„Безбедни училишта-безбедни првачиња“-проектна активност во подрачното училиште во село Банско

Претставници од Општинскиот совет за БСП, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување, во рамките на акцијата „Безбедни училишта-безбедни првачиња“, на учениците од прво одделение во подрачното училиште во село Банско, им доделија флуоресцентни безбедносни елечиња. На учениците им беа објаснети сообраќајните правила за однесувањето на учесниците во сообраќајот, особено како да стигнат безбедно од дома до училиштето и назад кон својот дом. Безбедносните елечиња се дадени на трајно користење на учениците од прво одделение. Општина Струмица, во соработка со Општинскиот совет за БСП, континуирано ја дава поддршката за подобрување на сообраќајната инфраструктура пред училиштата, а во соработка со МВР-СВР Струмица, обезбедува услови за едукативно-превентивни активности за учениците во општинските основни училишта.47165640_1911345112252243_4242023315746586624_o 47379785_1911344998918921_3693567451020132352_o 47463968_1911345102252244_4767502041742311424_o (1) 47463968_1911345102252244_4767502041742311424_o 47478039_1911345148918906_9100371526481346560_o

Comments are closed.

POP