Моја, твоја, наша Струмица – За нас

Нашата Струмица е најголемиот град во југоисточна Македонија. Распостелена на плодна почва и под ѕвездено небо, Струмица изобилува со природа и знаменитости, сведочи за многу времиња – од дамнешни до денешни и секоја нејзина улица води кон некоја античка легенда…436346

Струмичката околина е опкружена со планините Еленица, Огражден и Беласица; тука е и истоимената река и соседниот рид на кој се издигаат Цареви Кули. Тие се временска тврдина која сведочи за секој што го уништувал и го градел овој град, за сите битки кои биле водени за да се освои овој град, а на крајот, Струмица е таа што освојува. Со корења уште во неолитот, каде се и најраните траги од развојот на предисториските културни лежишта, Струмица има доживеано многу миграции, колонизации и трансформации додека да го добие денешниот облик. Во текот на тој долговековен процес се има создадено богато античко наследство, фолклор, традиција и обичаи кои се карактеристични само за струмичкото подрачје.3646634

Во моментов Струмица претставува еден од најголемите земјоделски и стопански центри во републикава. Поседува и своја прехранбена и текстилна индустрија, а исто така има развиено и своја мрежа на домашна и интернационална трговија. Со својот изглед наликува на модерен, среден по големина европски град. Граѓаните имаат релативно добар стандард, огромна самоиницијативност и како вработени на определени професии и дејности ги користат сопствените ресурси, капацитети и потенцијал. Пример за тоа се имиња на многу познати автори, поети, писатели, сликари, актери, музичари, спортисти и така натаму, на кои Струмица им е роден град. А поради географската положба и други поволности, голем број странски компании покажуваат интерес за инвестирање во Струмица. Струмица е град во кој се одржуваат манифестации и збиднувања, град, во кој, историјата сѐ уште дише; град кој изобилува со прекрасни локации и локалитети за посета и туризам во било која сезона од годината.slide1 1978796_737995996218916_484726853_nStrumica_X_30

Во Струмица, на улица ќе го чуете уникатниот струмички дијалект и ќе ги сретнете убавите Струмичанки; ќе ги вкусите традиционалните струмички јадења и специјалитети што се нудат во околните ресторани. А на ноќниот живот му нема рамен – тоа го знаат и странските посетители.

 ukrasena-strumica.-naslovnajpg-610x403 43634643 3454353 5555 11111

                                                                                                                                              Весна Д.

                                                                                                                                             Wesna D.

Comments are closed.

POP