Превкусни домашни крофни по рецептот на баба

Крофните се омиленото јадење на сите луѓе, почнувајќи од најмалите па се до старите луѓе. Погледнете како да зготвите превкусни домашни крофни од кои целата кујна ќе замириса слатко. 

th (2)

Потребни состојки:

  •  1 коцка квасец
  • 1 чаша јогурт
  • 1 кг брашно
  • 300-350 мл вода
  • ½ лажичка сол
  •  5 лажици шеќер
  • 200 г шеќер во прав
  •  100 мл масло за јадење

Начин на подготовка:
Во топлата вода растопете го квасецот и ставете го јогуртот. Додајте ги солта, брашното, маслото за јадење и јајцата. Замесете тесто и оставете да отстои 10 минути. Потоа развлечете кора од тестото и со чаша вадете ги крофните. Така обликувани, оставете ги уште десетина минути да отстојат, па потоа пржете ги во врело масло.

Готовите крофни посипете ги со шеќер во прав, полнете ги со готварски шприц по ваша желба со мармалад, еурокрем, чоколаден прелив. Добар апетит!

donuts 012

Comments are closed.

POP