Рехабилитираната транзитна делница низ Куклиш ќе ја зголеми безбедноста на месното население

Завршува рехабилитацијата на транзитната делница од регионалниот пат кој што минува низ населеното место Куклиш. Според градоначалникот Коста Јаневски, рехабилитацијата на делницата е резултат на заедничката соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е Македонија пат. Со овој зафат се подобрува  безбедноста на месното население.

4 (1)

-Ова е значајна делница која произлезе од разговорите со месното население на кои многу често ја спомнуваа како една од критичните точки на која што постои опасност за безбедноста на граѓаните. Ние се заложивме максимално во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, оваа делница да ја рехабилитираме во најкус рок, дадовме ветување и еве јас сум задоволен што оваа наша заедничка заложба денеска финишира и мислам дека ова населено место ќе добие побезбедна делница. Зедовме дел од обврските и ние како општина со тоа што изведовме некои прокопи кои што беа неопходни пред да почне асфалтирањето, зедовме обврска да го подобриме осветлувањето на оваа делница и со тоа мислам дека во тој поглед ќе биде многу побезбеден овој пат. Ова е заедничка соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, изведбата е на Македонија пат, делницата е долга околу два километри со ширина од 6 до 6,5 метри, а ќе се изврши и тампонирање на банкините и тоа го зборувавме пред извесно време кога рековме дека и на тој начин ќе се обидеме да добиеме на површина со што би се подобрила безбедноста и јас од овој проект сум доста задоволен, мислам дека е квалитетно изведен, со дебелени на асфалтниот слој од 7 сантиметри кое што ќе гарантира поголема трајност и издржливост на оваа делница, така што сите услови се исполнети, ветувањето е исполнето и тоа треба на сите да ни претставува едно големо задоволство, рече градоначалникот Јаневски.

На одредени места на оваа делница се планирани и тротоари.5 (1) 6 (1)

Comments are closed.

Capture