Бабини чоколадни колачиња кои се топат во уста

На вакво студено време на сите би ни годела една топла чаша млеко, чај или какао, придружена со превкусни чоколадни колачиња кои се топат во уста. Денеска ви прикажуваме стара струмичка рецепта која нашите баби ја правеле подготвувајќи се за новогодишните празници:

chewy-chocolate-cookies

Потребни состојки:

– 200 гр чоколадо

– 400 гр брашно

– 1 прашок за пециво

– 200 гр путер

– 140 гр шеќер

– 1 лажичка екстракт од ванила

– 2 јајца

Начин на подготовка:

Во еден сад одделно мешете ги сувите состојки, а во друг сад течните. Исецкајте го чоколадото на мали парчиња. Соединете ги сите заедно и на крајот додадете го и чоколадото. Формирајте бомбици со рацете, згмечете ги, и ставете ги на хартија за печење во тава. Се печат на 200 степени околу 15 минути. Оставете да се изладат целосно, а потоа послужете. Комбинирајте со топла чаша млеко, чај или какао.

Добар апетит!

cookies

Comments are closed.

Capture