Ученици од ООУ „Маршал Тито“ учествуваа на работилница во организација на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија

Основното општинско училиште „Маршал Тито” од Струмица беше едно од 15-те основни училишта кои учествуваа на работилницата на тема „Детски парламент“, која што се одржа во организација на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија.43515623_1836818953038193_6352602392831197184_n
На работилницата учествуваа 5 ученици од деветто одделение кои го изучуваат предметот Граѓанско образование и истите беа во придружба на наставничката м-р Трајанка Колева.
Станува збор за прва сесија на „Детскиот парламент“ во која што учествуваа вкупно 89 ученици и 15 наставници, а која се одржа во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија, каде на учениците им се даде несекојдневна можност да влезат во „чевлите на пратениците”. Во рамките на работилницата, учениците го разгледаа Собранието преку организирана обиколка на најпрезентативните простории на самата зграда, се запознаа со дел од пратениците на Република Македонија, симулираа пратеници преку „Игра на улоги” и дебатираа на зададена тема изнесувајќи ги своите аргументи и гласајќи за или против понуденото законско решение, а ги искажаа своите детски права преку пораки во форма на креативна мисла, цртеж или стих. Сите учесници добија сертификати за учество во работилницата.
Парламентарниот институт на овој начин успеа да ја приближи работата на Собранието на Република Македонија до младата популација и да допринесе за развој на нивната свест за демократијата и човековите права.43569360_1836818943038194_2086889497768755200_n 43639673_1836819093038179_5705063097169870848_n 43740015_1836818956371526_2606767487626248192_n 43823296_1836819116371510_7278137612844400640_n

Comments are closed.

Capture