Десет пожарникари од Струмица учествуваат на вежба во Србија под покровителство на НАТО

Десет пожарникари од Територијалната професионална противпожарна едница на Струмица учествуваат на меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „Србија 2018“ која што се одржува во Младеновац, Република Србија. Нивното учество е во рамките на Републичките сили за заштита и спасување.43546331_1836522116401210_8473819519792447488_n
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, учеството на вежбата е со цел да ги зајакнат капацитетите за подобра координација и спасување од сите природни катастрофи, кои можат да го зафатат регионот.
Вежбата ќе трае до 12 октомври и се одржува под покровителство на НАТО.

Comments are closed.

POP