Ученици од средното училиште „Димитар Влахов“ престојуваа на практична работа во Сандански

Група ученици од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, заедно со своите професори престојуваа на повеќедневна практична работа во Сандански, Република Бугарија. Во рамките на овој проект од Еразмус + програмата со поддршка на директорот Димитар Ѓорѓев, а под водство на професорите ментори Томе Тимов, Ивана Ѓорѓева и проект менаџерот Зоран Ристов-Патриков, учениците можеа да ги стекнат неопходните практични вештини за да бидат имплементирани побрзо и полесно на пазарот на трудот. Затоа што целта на образованието во земјоделскиот сектор е да се создадат кадри со висок квалитет на практични вештини, а не само теоретски знаења. 43445399_1835563233163765_164757612649250816_o
Заедно со партнерот IVEM LIFE LTD, се развива програма за различни практики во Бугарија, што е во согласност со наставната програма на СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица и вклучува стекнување искуство во модерна и успешна био-фарма која развива автоматски системи, модерни техники и алатки, искористувајќи иновативни пристапи во растителното производство и сточарството, како и со богато искуство во агроекологијата и винарството.43477960_1835563269830428_4629124942858813440_o
Програмата за пракса е разработена во согласност со целите на проектот за зголемување на компетенциите на корисниците во конкретната област, зголемување на претприемничките вештини на младите. Усвојувањето на знаења и искуства од областа на агробизнисот и управувањето со малите и средни семејни фарми е поврзано со развојот на руралните области во Македонија, а особено во областа на Струмица. Програмата, исто така, ги вклучува следните активности: „Од градината – на маса“ – подготовка на храна од производите произведени на фармата, „Био Холидеј“ – практични фарма-активности поврзани со услуги на клиентите во рурален туризам, објект како можност за развој на агробизнисот, „Маркетинг иновации во агробизнисот“ и „Работилница за претприемништво за идеи“.
Од училиштето „Димитар Влахов“ велат дека целите на проектот се надградување на знаењата, практичните способности и професионалните компетенции на учениците, подобрување на капацитетот на училиштето преку зајакнување на воспоставено меѓународно партнерство, трансфер на добри практики во стручна обука, поттикнување на развојот на европскиот простор за учење во текот на животот и подигање на свеста во врска со ова прашање со цел да се поддржи модернизацијата на системите за образование и обука во аграрниот сектор.43618959_1835563093163779_1665267333007933440_o

Comments are closed.

POP