Утре Беласица гостува кај Македонија ЃП

Екипата на Беласица утре на гостински терен ќе ги одмери силите со Македонија ЃП, во натпревар од 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Домаќините во досегашниот тек од сезоната имаат забележано две ремиа и два порази, со што имаат два бода и се наоѓаат на делба на осмата позиција на табелата, додека струмичани со едно реми и три порази, или вкупно само еден освоен бод се наоѓаат на последното 10-то место на табелата.

Бодовите од овој натпревар се значајни и за двете екипи, па со оглед на тоа се очекува интересен дуел.

 

Comments are closed.

Capture