Утре Академија Пандев ќе ги одмери силите со Силекс

Утре фудбалерите на Академија Пандев на „Кукуш“ во Турново, ќе го одиграат натпреварот од 5. коло против екипата на Силекс од Кратово.

АРХИВА

АРХИВА

Во овој натпревар Пандевци влегуваат како благи фаворити за победа против незгодниот Силекс, пред се поради прикажата игра во досегашниот тек од сезоната. Академија Пандев забележа три победи и еден минимален пораз, и со 9 бода е на делба на лидерската позиција со Работнички, додека Силекс кој забележа една победа, две ремиа и еден пораз, и со пет бода се наоѓа на делба на петтото место на табелата.

 

 

Comments are closed.