Општина Струмица спроведе голема акција за чистење на депониите

Денеска е Светски ден на чистењето и цел свет е вклучен во една голема светска акција на чистење на нашата планета од загадување. Во тој контекст и општина Струмица денеска спроведува една голема акција за чистење на дивите депонии, опфатени се неколку депонии околу населените места Баница, Водоча и Вељуса. – изјави Коста Јаневски, градоначалник на Општина Струмица.DSC_2509_1600x1067

,,Со тоа решаваме еден горлив проблем кој што се провлекува со години во нашата општина и на кој сакаме да му ставиме крај и ја користам оваа прилика, од оваа акција да апелирам до нашите граѓани по кој знае кој пат, да внимаваат каде го фрлаат ѓубрето, апелирам на подигање на нашата свест за односот кон природата, во заштитата на нашата средина. Мислам дека созреавме доволно за да може да сфатиме дека тоа што ние го правиме кон природата ни се враќа многукратно, ако е позитивно, природата знае позитивно да ни врати, а ако е негативно таа не казнува и мислам дека мораме конечно да донесеме во нашата свест една голема промена во тој однос кон нашата прирoда. Цел свет е вклучен во оваа акција, се вклучуваме и ние и мислам дека со нашето секојдневно однесување ќе придонесеме вакви акции да не се потребни или да се намали обемот на ваквите акции, бидејќи огромна армија на луѓе се потребни за да се исчисти тоа што е депонирано со години. Оваа голема светска акција на нашите простори е организирана од граѓанското здружение „Гоу Грин“ од Скопје, а поддржана од Европскиот парламент и мислам дека акцијата ќе биде успешна, ќе има ефекти, иако дивите депонии остануваат како еден предизвик со кој што и во наредниот период треба сериозно да се занимаваме.- изјави Коста Јаневски, градоначалник на Општина Струмица.DSC_2510_1600x1067 DSC_2514_1600x1067 DSC_2518_1600x1067 DSC_2525_1600x1067 DSC_2559_1600x1067 DSC_2565_1600x1067 DSC_2585_1600x1067 DSC_2588_1600x1067

Comments are closed.

Capture