ЖФК Тиверија денес на домашен терен против ЖФК СЦ Истатов Дојран

Денес и утре ќе биде одиграно четвртото коло од првата македонска женска фудбалска лига, а дерби на колото е натпреварот помеѓу екипите на ЖФК Тиверија од Струмица против ЖФК СЦ Истатов од Дојран.

АРХИВА

АРХИВА

Овој натпревар ќе привлече големо внимание, со оглед на тоа што бодовите се значајни и за двете екипи доколку сакат да останат до крај во игра за шампионската титула. Во минатото коло ЖФК Тиверија ги подели бодовите со ЖФК АС Јунајтед, па со тоа имаат седум бода и се наоѓаат на делба на 4. место на табелата, додека Каменица Саса, Драгон и Истатов се со максимални девет бода на табелата.

Натпреварот се игра денес со почеток од 16:30 часот на општинско игралиште со вештачка трева „Филип Лазаревски“.

Comments are closed.