Градоначалникот Јаневски на средба со граѓанските организации од Струмица

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, вчера одржа средба со претставниците на граѓанските организации од Струмица на која се дискутираше за пристапувањето на Република Македонија кон ЕУ и НАТО, како и за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година. По средбата, тој изјави:

41704047_1806226599430762_5784554485028225024_n„Ги споделивме мислењата и заедничкиот заклучок беше дека интеграцијата во ЕУ и НАТО се патот кој на нашата држава ќе и овозможи сигурен просперитет, интегритет, сигурност на границите, сигурност на слободата на своите граѓани, ќе овозможи поголем економски просперитет, поголем пристап до европските фондови, поголема можност за едукација и послободна комуникација на младите луѓе, поотворена размена на секакви идеи, поголем пазар за бизнисите во Македонија, поздрава конкурентност за нашите претпријатија. Тие се значајни придобивки за кои со години се бориме. Затоа, имаме граѓанска должност да излеземе на референдумот да го кажеме своето мислење и да дадеме придонес во решавањето на судбината на нашата држава, без разлика какво и да е нашето убедување, таквото право не смееме сами да си го спречуваме. Апелирам граѓаните да излезат, да си го кажат своето мислење, какво и да е, да учествуваат во креирањето на судбината на својата држава и тоа е единствен одговорен однос на секој граѓанин кон својата држава“.

Граѓанските организации ја потврдија својата поддршка на претстојниот референдум и зачленувањето на државата во ЕУ и НАТО.41622013_1806226589430763_7821918225280532480_o

Comments are closed.