Утре во Струмица ќе се одржи обука за женско претприемништво

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид со поддршка на Агенција за поддршка на претприемништво на Република Македонија со големо задоволство го објавува повикот за учесници на обука за женско претприемништво која ќе се одржи на ден:41660003_1111156685719441_7847718845446881280_o

14.09.2018 година (петок) во сала во Дом на АРМ во Општина Струмица, во период од 09.00 до 17.00 часот

Целта на оваа обука за женско претприемништво е да се подигне нивото на конкурентост кај веќе постоечки претпријатија раководени од страна на жени докажани претприемачи, како и жени претприемачи кои штотуку го основале својот бизнис на територија на општина Струмица и Југоисточниот плански регион.
Обуките се во насока на градење на партнерства, вмрежување и соработка со цел да се подигне нивото на конкурентост кај веќе постоечки претпријатија раководени од страна на жени докажани претприемачи, како и жени претприемачи кои штотуку го основале својот бизнис.

Секој учесник ќе добие сертификат за посетената обука.

Лице за контакт: Соња Николовска (тел. 078 383 508, sonja@oi.org.mk)

Comments are closed.