ЖФК Тиверија ремизираше со ЖФК АС Јунајтед

Фудбалерките на ЖФК Тиверија од Струмица на гостувањето кај екипата на ЖФК АС Јунајтед од Струга, одиграа нерешено 0:0, во натпревар од 3. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија - во акција

Тиверија со оваа реми сега се наоѓа на четвртото место со седум бодови, исто колку што има и ЖФК АС Јунајтед.

Во следното коло ЖФК Тиверија ќе игра против ЖФК Истатов, екипа која заедно со Драгон и Каменица Саса има максимален ефект во првите три кола, додека ЖФК АС Јунајтед ќе игра против Борец.

 

Comments are closed.

Capture