Беласица гостува кај Македонија ЃП

Беласица во недела ќе гостува кај екипата на Македонија ЃП, во натпревар од 5. коло од Првата македонска фудбалска лига. Овој натпревар со кој може да има промени на долниот дел од табелата, се игра на стадионот во Ѓорче Петров.

АРХИВА

АРХИВА

Беласица со еден бод е последна на табелата, додека Македонија ЃП со два победа е на делба на осмата позиција со екипата на Шкупи. Со евентуална победа на Беласица, струмичани ќе имаат можност да се искачат две места погоре на табелата.

Во претходното коло Македонија ЃП ремизираше играјќи 1:1 кај Ренова, додека Беласица на „Младост“ извади реми (1:1), со Вардар.

Comments are closed.