Актерот Благоја Чоревски е добитник на наградата за високо актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков“

Единствената награда за високо актерско остварување на 26-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ ја доби актерот Благоја Чоревски за улогата на Вилфред Бонд во претставата „Квартет“ во копродукција на Македонскиот народен театар и „Контрапункт“ од Скопје, по текст на Роналд Харвуд, а во режија на Зоја Бузалковска. Така одлучи меѓународното фестивалско жири предводено од позната српска актерка Тања Бошковиќ. Наградата која што се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, плакета и паричен износ од 1.500 евра на Чоревски му ја врачи директорот на фестивалот Ванчо Ристов Патриков.
Во петте фестивалски денови на годинашното издание, беа изведени десет претстави во кои настапија актери од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Македонија. Фестивалот финансиски го поддржаа општина Струмица и Министерството за култура.41666391_1805014369551985_8405402696516894720_n 41669263_1805014339551988_5522393499506311168_n 41710823_1805014352885320_8406244368372989952_n

Comments are closed.