Вашиот нов омилен рецепт: Посен чоколаден колач од кујната на баба

Зарем некој може да му одолее на вкусот на чоколадото? Овој петок израдувајте ја вашата фамилија со заборавен струмички рецепт кој ќе ве натера да барате уште и уште.

cokoladen kolac 2

Потребни состојки:

  • 400мл. кисела вода
  • 400 грама шеќер
  • 400 грама брашно
  • 250мл. зејтин
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванила
  • 3 големи лажици какао
  • 100 гр сецкани ореви
  • 150 гр. чоколадо за готвење
  • Мармалад (по желба)

Начин на подготовка:

Сите состојки се мешаат заедно а потоа тестото се пече во намастено тавче.
Откако тестото ќе биде испечено, се премачкува со 5 големи лажици мармалад од кајсии. Врз намачканиот мармалад се става слој од 150 гр чоколадо за готвење стопено со 4 лажици зејтин и малку вода. Декорирајте по желба.

Добар апетит!

cokoladen kolac

Comments are closed.

Capture