Струмичката Градска библиотека доби донација од нови универзитетски учебници

Деканот на факултет за детективи и криминалистика  Скопје и Претседател на Асоцијација за корпоративна безбедност Проф. Д-р Атанас Козарев Скопје денеска донираше нови универзитетски учебници во струмичката градска библиотека.40047943_305525190029768_2817283793516232704_o

,,Ми претставува чест и задоволство што ја имам можноста неколку години да го збогатувам библиотечиот фонд на струмичката библиотека. Бидејќи основното и сердното образование го поминав во мојот роден крај, а понатаму мојата професинална кариера ја продолжив во Скопје, сметам дека преку ваков однос кон нашите локални институции придонесуваме да ја одржуваме врската со нашите родни краеви и да оставиме своевиден печат.

Книгите кои се донирани се дел од моите универзитетски учебници, дел од  литература која сметам дека треба да премине од мојата огромна семејна библиотека и да стане достапна до пошироката струмичка јавност.

Едноставно, како што мојата професорка по македонски јазик и класен раководител Нада Караманова која пред неколку децении една од писмената тема ни ја кажа следната: Книгата е духовен завет, завет од едно поколение на друго, завет на старецот кој умира и момчето кое се раѓа.

Голема благодарност до директорката Тања Гошева за сенсот и разбирањето за овие нешта.” – изјави Проф. Д-р Атанас Козарев.

Директорката на Градската библиотека Тања Гошева му врачи благодарница на Проф. Д-р Атанас Козарев за неговиот придонес.39982273_305525126696441_8863947101688561664_n

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o