ЖФК Тиверија загуби од ЖФК Машинац

Екипата на ЖФК Тиверија го одигра првиот натпревар во двомечот со далеку поискусната екипа на ЖФК Машинац од Ниш. Овој натпревар заврши со резултат од 3:2 за српската екипа.

ЖФК Тиверија - екипа - против Машинац од Ниш

ЖФК Тиверија до 85-та минута од натпреварот имаш предност од 1:2, но домаќините со два гола на крајот од натпреварот, успеаа да слават со резултат од 3:2.

Стрелци за двата гола за Тиверија беа Теодора Димоска и капитенот Александра Ристовска.
Фудбалерките на ЖФК Тиверија ги чека уште еден натпревар, по што ќе се вратат во Струмица.

Comments are closed.

POP