Академија Пандев со победа против Македонија ЃП ја започна новата сезона од ПМФЛ

Академија Пандев со победа ја започна новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, откако денес во натпревар од првото коло, со 2:1 ја победи Македонија Ѓорче Петров.

АРХИВА

АРХИВА

Академијата прва дојде во водство со голот на Стоилов. Во второто полувреме, Тантуровски им донесе 1:1 на гостите, откако ја затресе мрежата на Академија Пандев.

Конечните 2:1 беа поставени, откако Дориев успешно погоди од белата точка.

Академија Пандев сега има три бода, исто колку што имаат Ренова  и Победа.  Во следното коло, Академија Пандев силите ќе ги одмери против Беласица, во градското дерби кое ќе се одигра на „Младост“ во Струмица.

Comments are closed.