Јаневски: Убеден сум дека струмичани и гостите ќе уживаат во богатата музичка програма на Струмица ОПЕН фестивалот

Камерниот оркестар на Битола синоќа го отвори музичкиот дел на овогодинешното издание на Струмица ОПЕН фестивалот со настапот на фестивалската сцена во градскиот парк. Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Јаневски рече дека оваа летна фестивалска понуда од ден на ден ќе носи се поголеми возбудувања за сите музички поклоници.38920930_1758060260914063_6731556866414870528_n

-Овогодинешното издание на „Струмица опен фестивал“ од вечерва добива на интензитет во ритамот на музиката, со застапеност на различни музички правци за различни вкусови. Убеден сум дека оваа летна фестивалска понуда, од ден на ден ќе носи се поголеми возбудувања за сите музички поклоници. Но, мора да истакнеме, дека овој фестивал кој за првпат од своето постоење се одржува во текот на јули и август, досега понуди разновидни културни настани од областа на поезијата, афористиката, филмската и музичката уметност, но и содржини со спортски и забавен карактер. Притоа, се одржаа осум програмски настани со настап на 70-тина учесници од разни области. Како што веќе реков, „Струмица опен фестивалот“ од денес зема музички „залет“, па секоја вечер до 19 август, на трите фестивалски сцени во градот, ќе имаме можност да проследиме атрактивни музичко-концертни настани, на кои ќе настапат преку 200 инструменталисти и вокалисти од земјата и странство. Убеден сум дека струмичани и граѓаните од другите македонски градови, но и од соседните земји, ќе уживаат во богатата музичка програма, но и во препознатливото струмичко гостопримство. Ако музиката се засновува на СЕДУМ основни ноти, тогаш СЕДМОТО издание на „Струмица опен фестивал“ нека донесе безброј ноти кои ќе ги пленат срцата на сите вљубеници во музиката и песната. Со таа моја желба и уверување, музичкиот дел на СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ, го прогласувам за отворен, рече градоначалникот Јаневски.38935349_1758060254247397_3901800908777848832_n 38911629_1758060267580729_722272173288325120_n

Comments are closed.

POP