Лубеница на струмички начин – Весна Анчева Рохр

2013-06-22_11-09-51_1067x800

Нашите стари немале каде да прочитаат за вредноста на некоја храна, ниту можеле да се информираат што е здраво, а што е нездраво од храната преку некакви медиуми. Немале такви информации како ние денес, но сепак знаеле многу за храната на еден поинаков начин.

Преку наједноставиот начин на пренесување и информирање, од една генерација на друга, од едно колено на друго, знаеле и чувале огромно знаење. И колку и да немале можност за точни подотоци, сепак ја знаеле вредноста на секое јадење, што треба навистина да нé ипресионира!Биле мудри и ги согледувале корисните ефекти од храната, а воедно и
штетните.

2013-06-22_11-11-45_1067x800

Нашиот крај е познат по лубениците…
Не сум стручна да зборувам за вредноста на состојките на лубеницата, но сепак сите знаеме колку е корисна за здравјето.Рецепт не ни е потребен, едноставно одбележуваме дека во нашиот крај, во исхраната се користи поинаку.

Лубениците се носеле по излети и се ставале во потоците и рекичките, во ладните води, зашто топла лубеница не се јаде.Немало фрижидери, но имало ладни пумпи, а и бунари… Местото на лубеницата било токму таму, добро да се излади пред јадење.

2013-06-16_20-30-03_600x800

А кога ќе се сече, добрата лубеница треба да биде крв црвена и срцето, срцевината, средината, секогаш се давала на децата, затоа што е без семки и најблага.

Она по што се разликуваме е што ја комбинираме со сирење, кое може да биде и пржено. Велат дека многумина ја јадат и со лути пржени пиперки…

2013-06-22_11-11-45_1067x800

И кога веќе се има тој прекрасен благо солен вкус, лебчето лесно ќе им се придружи на трпезата.

Веќе е познато дека едно исто јадење од нашата трпеза лесно се трансформира од доручек, преку ручек до вечера, предјадења, ужинки.И токму лубеницата може да послужи за сето тоа, по ваша желба.Сокот се пие веднаш или уште повеќе подизладен. На ист начин се јаде и грозјето, дињата…Благо солемиот вкус е карактеристичен за нашиот крај што многу јадења ги прави специфични и преубави.

2013-06-23_13-19-26_1067x800

Пробајте, преубаво е, така се јадело одсекогаш, до денденес ништо не е
променето, затоа што е многу вкусно!

 

Comments are closed.

Capture