Душан Чубраковиќ е новиот чувар на мрежата на Академија Пандев

Академија Пандев се засили на голманската позиција со Душан Чубраковиќ на неколку дена пред почетокот на новата сезона, со што полека се комплетира и сениорскиот состав.

Душан Чубраковиќ - Академија Пандев

Најновото засилување на Академија Пандев, 23-годишниот голманот Чубраковиќ, доаѓа од екипата на Слобода Ужице од Србија. Во својата кариера има настапувано за екипите на Чукарички и Слобода Ужице.

Академија Пандев со Чубраковиќ потпиша едногодишен договор со опција на продолжување на договорот доколку двете страни бидат задоволни од соработката.

Comments are closed.