Што сонувавте денеска? Погледнете ги најчестите сонови и нивно значење

Некои велат дека соновите се резултат на нашите мисли и искуство, а други, пак, дека се предзнаци на иднината. Погледнете кои се најчестите сонови и како може да ги протолкувате:

dream 3

Паѓање – овој сон е сигнал за нашата потсвест. Oвој сон е чест кај луѓето кои имаат проблеми со врските, работата или пак на некое друго поле.

Смрт –го прикажува вашиот обид да прекинете нешто во животот : врска, работа, или пак обид да оставите нешто во минатото. На овој сон не треба да се гледа како на кошмар или предупредување дека нешто лошо ќе се случи, туку тој е охрабрување на личноста да започне нов почеток.

Губење заби – симбол на моќ и самодоверба. Се случило нешто во животот на сонувачот, што го натерало да ја изгуби својата самодоверба. Може да означува и расипани меѓучовечки односи. Според Фројд, доколку сонувате заби, за жените е посакување желба – да останат бремени, а за мажите тоа е потреба, односно желба за сексуална стимулација.

sleeping 1

Голотија – сонот во кој самите вие сте голи на јавно место означува нервоза и ранливост. Овој сон е чест кај оние луѓе кои добиле унапредување или пак го смениле работното место.

Славни личности –ова е најчестиот сон. Овој сон ги означува вредности и талентот кои ги цени сонувачот. Славните личности се симбол за личната потреба за признавање од другите.

Неверство – ова не треба да биде сфатено како предупредување. Овој сон значи дека вашиот партнер/партнерка минува многу време и посветува внимание на нешто што не ве вклучува вам.

sleeping 2

Доцнење – овој сон може да биде знак дека сте под голем притисок со многу рокови и задачи кои треба да се завршат. Тој треба да биде сфатен како предупредување да не се даваат лажни ветувања.

Решавање тест – Се смета дека само перфекционистите сонуваат решавање тестови. Овој тип на сон е повик за личноста да остане свесна. Овој сон може да значи и притисок во секојдневието, како и стрес од работата и односите со другите.

Летање – овој сон ја охрабрува личноста да се ослободи од тековните проблеми и да дозволи нештата да се одвиваат сами по себе. Слично на тоа, летањето може да биде знак дека немате контрола врз нештата кои ви се случуваат.

dream 1

Comments are closed.