РК Астраион од оваа сезона ќе се натпреварува во Првата ракометна лига

Ракометниот клуб Астраион од Струмица ги започна подготовките за прво учество на екипата во Првата ракометна лига. Екпата е составена од млади играчи кои претходната година настапуваа во Кадетска категорија преводена од тренерите Димитар Пандев и Пепи Пецанов.

РК Астраион - екипа

Почетокот на новата сезона од Првата ракометна лига е закажан за 15/16 септември.

РК Астраион ќе се натпреварува во Првата лига – група два, заедно со екипите на Ѓорче Петров, Вардар Неготино, Куманово, Металург Јуниор, Младост 09, Риниа М и Текстилец од Штип.

Comments are closed.

POP