РК Астраион во Бугарија се подготвува за новата сезона

Ракометниот клуб Астраион кој од оваа сезона ќе се натпреварува во Првата ракометна лига, како единствен ракометен клуб од Струмица, веќе интензивно се подготвуваат за новата сезона, која треба да започне на 15/16 септември.

ФОТО: Фејсбук - HC Astraion Strumica

ФОТО: Фејсбук – HC Astraion Strumica

Ракометарите на Астраион една недела ќе тренираат и ќе се подготуваат за новата сезона и во Банско, Бугарија. Потоа ќе одиграат и неколку пријателски натпревари.

Ракометниот клуб Астраион ќе се натпреварува во Првата лига – група два, заедно со екипите на Текстилец од Штип, Риниа М, Младост 09, Металург Јуниор, Куманово, Вардар од Неготино и Ѓорче Петров.

Екипата на Астраион е составена од млади играчи, кој претходната година настапуваа во Кадетската категорија, со што на теренот ќе го имаат најмладиот состав.

Во првото коло Астраион му гостува на Ѓорче Петров, додека во второто коло ќе патува во Штип, каде ќе ги одмери силите со Текстилец, екипа која и минатата сезона се натпреваруваше во Првата лига, која тогаш не беше поделена во две групи, како што е сега со новите измени.

Comments are closed.

POP