Општина Струмица ја заврши проценката, невремето во јули предизвикало штета од над 34 милиони денари

Комисијата за утврдување и процена на штети настанати од природни непогоди и други несреќи при Советот на општина Струмица, го изготви Извештајот за висината на штети од невремето на 07.07.2018 година и  иститот ќе биде даден на усвојување на следната седница на Советот на општина Струмица. Претседателот на Комисијата, Ацо Ѓоргиев, на денешната прес конференција соопшти дека невремето предизвикало штета од  34.397.748,00 денари.

 1 (2)

-Извештајот се однесува на штети од невремето  – пороен дожд, град и силен ветар, што зафати дел од територијата на општина Струмица, а најмногу атарите на населените места Муртино, Сачево и Дабиле. Спред информациите што ги добивме од Управата за хидрометеоролошки работи, на тој ден во периодот од 13 до 14 часот, за неполн час наврнале 33,7 литри дожд на метар квадратен. Уште во текот следниот ден од невремето, Комисијата излезе на  терен да направи првична процена на штетите. Констатирано беше дека станува збор за големи штети во земјоделието и делумно на мал број градежни објекти и  согласно Законот за заштита и спасување, според кој Комисијата има надлежности, веднаш беа преземени соодветни мерки :2 (2)

- изработка на формулар – Барање за утврдување и процена на штета,

- ангажирање на лица коишто во отворени  пунктови во населените места Муртино, Сачево и Дабиле ги доставуваа обрасците за пријавување на штета  до имателите на имотот што имаше претрпено штета од невремето, како и прием на документацијата за пријавување на штетата,

- истовремено во зградата на општина Струмица беше ангажирано лице коешто ја примаше документацијата за пријава на штети од останатите места во општина Струмица. Вкупно беа прибрани 358 барања за утврдување и процена на штета од кои 244 се од населеното место Муртино, 61 од Сачево,  44 од Дабиле и 9 од останатите  населени места во општина Струмица.

Заради брзо и ефикасно извршување на законски утврдените задолженија, беа формирани 3 стручни подкомисии од кои две за земјоделие и една за градежништво, кои непосредно вршеа процени на штетите на секоја земјоделска парцела и градежен објект што беа пријавени како оштетени. За секоја пријавена штета беше направен поединечен записник, како и табеларен преглед на штетите од што може да се види дека вкупниот износ на штетите изнесува 34.397.748,00 денари, а вкупно оштетени земјоделски површини на 102,6 хектари. Од  посадените земјоделски култури најмногу штета има на посевите со индустриска пиперка на отворено 54,8 хектари како и засадена во фолии 7,3 хектари при што има и уништено пластеници од силниот ветер. Оштетени посеви со пченка на  13,1  хектари, пченица 14,4 хектари, како и штета на посеви со бостан, дињи, зелка на отворено, модар патлиџан, карфиол и други земјоделски култури. Штети имаше и на долгогодишни насади – сливи, круши и лозје, рече Ѓоргиев.

Согласно законската регулатива, откако Советот на општина Струмица ќе го усвои извештајот за штетите, истиот се доставува до Републичката комисија за процена на штети, па до Министерството за финансии, односно, Владата на Република Македонија која одлучува со колку проценти од проценетата штета ќе биде извршено обесштетувањето.

Comments are closed.