Новата сезона од Првата лига започнува во сабота

Новата сезона од Првата македонска фудбалска лига ќе започне во сабота наместо во недела, со натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар. Шкендија побера да се помести натпреварот за еден ден порано, поради двомечот со Ред Бул Салцбург во рамките од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Belasica - Kozuv Gevgelija - vo Strumica 31.03.2018

Вардарци се согласија, па така натпреварот ќе се игра во сабота, наместо во недела, во термин од 17:00 часот.

Еден ден подоцна, колото ќе биде комплетирано со одигрување и на останатите натпревари.

Академија Пандев на домашен терен ќе го пречека повратникот во Првата лига, Макеоднија ЃП, Победа на домашен терен ќе ја пречека Беласица, која од оваа сезона се врати повторно во Првата лига.

Работнички ќе биде домаќин на Ренова, додека Силекс во Кратово на свој терен ќе се обиде да го победи Шкупи.

 

Comments are closed.

POP