Ем лесно, ем превкусно! Струмички бомбици од банана и бисквити

За многумина, десертот е најубавиот дел од оброкот. После напорниот ден на работа, почастете се со бомбици од банана и бисквити кои можете да ги зготвите за помалку од 10 минути.

Потребни состојки:

4 банани
600 гр мелени бисквити
100 гр шеќер во прав
100 гр кокосово брашно

bombici2

Начин на подготовка:

Изгмечете ги бананите, а потоа додајте ги мелените бисквити и шеќерот. Измешајте убаво и од смесата правете бомбици во форма на топче. Потоа извалкајте ги во кокосовото брашно. Доколку сакате валкајте ги во ситно изрендана чоколада или пак ореви. Изберете го омилениот вкус.

Лесно и превкусно! Добар апетит!

 

Comments are closed.