ОТВОРЕНА МЕЃУНАРОДНАТА СТРУМИЧКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Во Центарот за култура „Антон Панов“ синоќа во Струмица беше отворено 55. издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија со самостојна изложба на уметникот Ѓорги Божинов-Фаника, насловена како „Корени“.

Плоштад_Гоце_Делчев_Струмица_(2)Колонијата ја отвори градоначалникот Коста Јаневски, кој истакна дека до 10 август Струмица повторно ќе живее во знакот на ликовната магија и во знакот на творечката традиција која успешно опстојува цели пет и пол децении.

– Уметниците творејќи во своите ликовни дисциплини ќе создадат нови дела со кои ќе ја збогатат и онака богатата ликовна збирка на колонијата. Таа збирка брои околу 2.200 дела и претставува непроценливо ликовно богатство не само за колонијата и за Струмица, туку и за севкупното културно милје на Република Македонија, рече градоначаликот на Струмица Коста Јаневски на отворањето на годинашнава Меѓународна струмичка ликовна колонија.

На колонијата учествуваат 15 уметници од Македонија, Бугарија, Русија, Косово, Србија, Романија и Турција.

Comments are closed.