Академија Пандев го декласираше второлигашот Детонит со 14 гола

Фудбалерите на Академија Пандев остварија висока победа од 14:1 на контролниот натпревар против новиот второлигаш Детонит од Радовиш, кој ќе се натпреварува во Втората лига – Исток, откако во претходната сезона заврши на првото место во Третата лига – Југоисток, со само еден пораз.

АРХИВА

Академија Пандев покрај извојуваната победа, се соочува и со друг проблем, а тоа е дека остануваат без Глигор Дончев, кој на пет минути до крајот на натпреварот заработи незгодна скршеница на зглобот.

Академија Пандев во првото коло од Првата лига ќе игра против Македонија ЃП, додека во второто коло ќе го игра големото градско дерби против Беласица.

Comments are closed.