Беласица во првото коло против Победа

Во недела 12 август, со почеток од 17:00 часот започнува првото коло од Првата македонска фудбалска лига. Во првото коло фудбалерите на Беласица ќе гостуваат во Прилеп, кај екипата на Победа.

Belasica - Kozuv Gevgelija - vo Strumica 31.03.2018

Во претходната сезона, Победа заврши на осмото место, па преку бараж успеа да го победи Борец од Велес и да избори опстанок за во Првата лига, додека Беласица која беше убедлива и доминатна во секоја натпревар, беше шампион во Втората лига – Исток, каде како првопласирана се врати во Првата лига директно.

Во второто коло кое ќе се игра на 19 август, недела, ќе се одигра и првото градско струмичко дерби во рамките на ПМФЛ помеѓу екипите на Беласица и Академија Пандев на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток од 17:00 часот

Comments are closed.

POP