Беласица му се заблагодари на Цицмиловиќ за досегашните резултати и напредокот на клубот

Досегашниот шеф на стручниот штаб на ФК Беласица Раде Цицмиловиќ си поднесе оставка, а на негово место доаѓа Марјан Живковиќ.

„Човекот кој е еден од најзаслужните за влегувањето на ФК Беласица од Трета МФЛ во Втора МФЛ и од Втора МФЛ во Прва МФЛ завчера си поднесе самоиницијативно оставка. Причината за оставката на Раде Цицмиловиќ е не поседувањето на ПРО Уефа Диплома, која е неопходна за да остане на кормилото на ФК Беласица“ истакнаа од ФК Беласица на нивната официјална фејсбук страница.

Rade Cicmilovikj - poraneshen trener na Belasica

„Управниот одбор на ФК Беласица му заблагодарува за досегашните резултати, и за напредокот во клубот кој го имаше во изминатите 2 години, и му посакува многу успех и среќа во иднина.“

„Голема благодарност до ФК Беласица и претседателот Славчо Васков – Пинда, за укажаната доверба во изминативе две години во кои го направивме еден од најголемите успеси во последните 14 години. Јас лично си поднесов оставка поради не поседување на УЕФА Про Лиценца, која е задолжителна за водење на екипата во Прва МФЛ. Благодарност до претседателот кој ми понуди друга функција за да останам во клубот, но ќе ми треба малку одмор па ќе донесам конечна одлука во иднина. ФК Беласица ќе остане засекогаш во моето срце, и од се срце ќе давам поддршка на секој натпревар“ – рече Раде Цицмиловиќ.

Comments are closed.