Академија Пандев загуби од АЕЛ Лимасол од Кипар

Фудбалерите на Академија Пандев загубија на контролниот натпревар од екипата на АЕЛ Лимасол од Кипар, со резултат од 2:1.

Akademija Pandev - AEL Limason - kontrolen

Екипата на Академија Пандев прва го отвори резултатот со погодокот на Дориев во првиот дел од натпреварот. Во второто полувреме по неколку промашени шанси за зголемување на водството, екипата од Кипар најпрво во 85-тата минута го израмни резултатот на 1:1, а веќе во 91-та минута ги постави конечните 2:1.

Следениот контролен натпревар Академија Пандев го игра во сабота во Банско во Бугарија, против тимот на Алтин Асир од Туркменистан.

 

 

Comments are closed.

POP