На патот Струмица – Штип утринава се случила сообраќајна незгода во која се повредени 8 лица

На 25.07.2018 година во 03.50 часот, на магистралниот пат А-4, Радовиш – Штип, во близина на Бучимска раскрсница случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ марка „Опел Астра“ управувано од М.Ј  (60) од Радовиш со три сопатнички од Радовиш, ПМВ марка „Фиат Панда“  со скопски регистарски таблици,  управувано од Р.С (62)  од Радовиш  со еден сопатник од Пехчево и еден трактор марка ИМТ “Фергусон“ 539   управувано од М.О (44) од с.Тополница со тројца сопатници од с.Тополница.полиција

Веднаш по пријавување на сообраќајната незгода формирана е увидна екипа од полициски службеници од Радовиш а увидот е извршен по овластување на јавен обвинител.

Во сообраќајната незгода со Телесни повреди се здоблие  двајцата возачи на ПМВ,  тројца сопатници од ПМВ, две   сопатнички од тракторот а 1 сопатник од ПМВ се здобил со тешки телесни повреди.

По укажана лекарска помош во Медицински центар  Струмица дел од лицата со лесни телесни повреди се пуштени на домашно лекување.

Comments are closed.

POP