Од ФК Беласица истакнуваат: Ќе играме во Првата македонска фудбалска лига

Фудбалскиот клуб Беласица кој се врати во Првата македонска фудбалска лига се огласи на својата фејсбук страница, откако излезе информација во повеќе спортски медиуми дека ФК Беласица поради неисполнети административни критериуми и обврски нема да игра во ПМФЛ. Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на ФК Беласица.

FK Belasica 2

СООПШТЕНИЕ: Денеска во повеќето спортски медиуми излезе информација дека Првата македонска фудбалска лига ќе започне без ФК Беласица поради неисполнети административни критериуми и обврски.

Со ова соопштение сакаме да ги известиме сите наши фанови, симпатизери, љубители на фудбалот како и цела јавност дека ФК Беласица ќе се натпреварува во ПМФЛ во наредната сезона 2018/19, исполнувајќи ги сите критериуми и обврски кои ги налага ФФМ.

#ФКБеласица #НапредПлави #ПрваЛига

Comments are closed.