Градоначалникот Јаневски ќе одржи работна средба со министерот за транспорт и врски Сугарески

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, во 12 часот ќе одржи работна средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Инфраструктурните проблеми и решенијата на територијата на општина Струмица ќе бидат главната тема на средбата. По средбата во кабинетот, градоначалникот Јаневски и министерот Сугарески, а на кои ќе им се придружи и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ќе ја посетат делницата Дабиле – Хамзали на регионалниот пат Струмица – Берово.Capture111

Comments are closed.