Во Струмица ќе се врши засилена контрола на мотоциклистите

Секторот за внатрешни работи Струмица – Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај  -Струмица, ги известува граѓаните дека во претстојниот период  ќе врши засилени контроли на улиците во централното градско подрачје, периферните  улици како и населените места во Струмица, поради очекуваната зголемена фреквенција на учесниците во сообраќјот кои управуваат велосипед со мотор, мопеди и мотоцикли.

c22633e321e901897fc2df260751c4ee21fd3544За таа цел СВР Струмица апелира до сите учесници во сообраќајот на почитување на сообраќајната вертикална и хоризонтална сигнализација, поточно возачите кои управиваат  велосипед со мотор, мопеди и мотоцикли  да не се движат по градското шеталиште,  „Плоштад Гоце Делчев„ ул: „Благој Ј.Мучето“ – градскиот парк и „ул.11-ти Октомври“ кои се предвидени како „пешачки патеки“ по кои е дозволено исклучиво движење на  пешаци а не на моторни возила.

За сите оние учесници во сообраќајот кои нема да ги почитуваат законските одредби ќе бидеме принудени да постапуваме согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Ве потсетуваме дека глобите за наведените прекршоци се:

Нерегистриран велосипед со мотор, мопеди и мотоцикли – прекршочен платен налог по чл. 26 ст.9 од ЗИД  чл.16 ст. 9 од  Законот за возила, предвидена е  глоба    во висина од  500 евра;

Необновена полиса за осигурување на велосипед со мотор и  мопеди  – прекршочен платен налог по чл. 33 ст.15 Законот за возила, предвидена е  глоба    во висина од  100 евра на сопственикот на возилото;

 

 

 

Управување моторно возило пред право на стекнување со управување со моторно возило – прекршочен платен налог по чл. 225 ст. 9 од ЗБСП, предвидена е  глоба  во висина од  300 евра;

 

Управување велосипед со мотор  и мопед до 50 к3 пред право на стекнување со истото – прекршочен платен налог по чл. 276 ст.4 од ЗБСП, предвидена е  глоба    во висина од  300 евра;

 

Управување моторно возило со несоодветна категорија – прекршочен платен налог по чл. 305 ст.5 од ЗБСП, предвидена е  глоба    во висина од  300 евра;

 

Управување моторно возило без да носи заштитен шлем (кација) – прекршочен платен налог по чл. 99 ст.4 и 5 од ЗБСП, предвидена е  глоба    во висина од  50 евра;

 

Управување моторно возило на површина која е наменета за движење на пешаци – мандатен налог по чл. 124 ст.3 од ЗБСП, предвидена е  глоба    во висина од  35 евра или 15 негативни поени;

 

Непочитување на сообраќаен знак согласно чл.187 ст.6 – мандатен платен налог – со глоба од 45 евра или 25 негативни поени.

Comments are closed.