Утре ќе се одржи 12-та седница на Совет на општина Струмица

Советот на општина Струмица на ден 12.07.2018 година (четврток) со почеток во 11,00 часот ќе ја одржи дванесеттата седница со следниот дневен ред:совет

1. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на договор/и за грант, по проект: “Водоснабдување и одведување на отпадни води“;
2. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Струмица;
3. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на проект за “Економска валоризација на културната и алтернативна туристичка понуда на Цареви кули во туристичка дестинација Струмица “;
4. Предлог – Одлука за доделување парични средства на СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Никола Карев“ од Струмица;
5. Предлог – Одлука за доделување парични средства на Атанас Јанев од Струмица;
6. Предлог – Одлука за донесување на Акциски план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Струмица;
7. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2018 година;
8. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот I-III месец 2018 година;
9. Предлог –Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за нови вработувања во ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2019 година;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 440 КО Водоча;
11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.155/1 и КП бр.901 КО Баница;
12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица;
13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7759 КО Струмица;
14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 691 КО Просениково;
15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1969/3 КО Свидовица;
16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 544 КО Баница;
17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 773/2 и 773/1 КО Банско; и
18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 4294 КО Куклиш.

Comments are closed.

Capture