Градоначалникот Јаневски му ги честиташе големите успеси на Димитар Џорлев на натпреварите по математика

Посветеноста на општина Струмица кон приоритетите кои произлегуваат од Стратегијата за образование ги опфаќа и мерките за развој на знаењата, вештините и интегритетот на учениците низ воспитно – образовните процеси и поттикнувањето на креативноста на младите. Во рамките на тие мерки, а за поголема мотивираност на талентираните ученици, градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со Димитар Џорлев кој годинава го заврши деветтото одделение во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ и се запиша во прва година во средното училиште „Јане Сандански“ и со директорот на ООУ „Видое Подгорец“, Леонид Танчев.1 (1)

На средбата се разговараше за досегашните успеси на натпреварите по математика на Џорлев, кој на градоначалникот му ги покажа и дипломите и медалите освоени на домашните и меѓународните натпреварувања, меѓу кои и последната освоена математичка ѕвезда на натпреварот во Бугарија. Градоначалникот Јаневски му посака многу успех во понатамошните натпревари, потенцирајќи дека ја има поддршката од општина Струмица во остварувањето на неговите цели.1 (1)

Comments are closed.

Capture