Општина Струмица успешно премина кон стандардите ISO 9001-2015 Систем за квалитет и 14001-2015 Систем за управување со животната средина

Општина Струмица успешно премина кон новите верзии на стандардите, Систем за управување со квалитет согласно со барањата на стандардот ИСО 9001:2015 и Систем за управување со животната средина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2015, ова е заклучокот од извештајот од редовната ресертификациона проверка за примена на ИСО стандардите која беше спроведена на минатата недела.Плоштад_Гоце_Делчев_Струмица_(2)

„Од страна на тимот на проверувачи на словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ, се контролираше примената и нивната подготвеност за премин кон новите стандарди во сите организациони единици на општина Струмица, при што вработените во општинската администрација, покажаа висок степен на професионалност и посветеност на работата. Констатирани се позитивни параметри во однос на владеењето со Системот за управување со квалитет и Системот за управување со животната средина, конзистентност и зголемување на обемот на работење, добро владеење со документацијата, реализација на стратешките цели на општината и тенденција за постојано подобрување“, изјави Томислав Андреев координатор на тимот на раководството на општина Струмица.

Инаку, Струмица е прва општина во Република Македонија која во 2007 година го воведе стандардот за квалитет ИСО 9001:2008 и 11 години успешно го спроведува стандардот ИСО 14001:2004 за управување со околината.

Comments are closed.

Capture