Беласица против ФК Мачва Шабац во нова контролка во среда

Фудбалерите на Беласица во среда (11 јули) ќе го одиграат својот четврти пријателски натпревар, овој пат против екипата на Мачва Шабац, која се натпреварува во српската Супер лига.

Belasica - Krupa (BiH) - kontrolen vo Zlatibor -2

Беласица во претходните три пријателски натпревари забележа две победи и еден пораз. Во првиот натпревар против Македонија ЃП со резултат од 1:2 го победи новиот македонски супер лигаш, додека од прилепска Победа со 0:1 загубија во Струмица.

Во натпреварот кој го одиграа вчера против екипата на ФК Крупа од Босна и Херцеговина, забежелаа убедлива победа од 4:1, а на овој натпревар Зоран Балдовалиев постигна хет-трик.

Во четвриот пријателски натпревар, Беласица силите ќе ги одмери со Мачва Шабац. Оваа екипа минатата сезона во плеј-аутот заврши како четвртопласирана со вкупно 26 освоени бодови.

Comments are closed.

Capture