Академија Пандев загуби на првата контролка

Академија Пандев денес стартуваше со одигрувањето на подготвителните натпревари. Во тренинг базата на Локомотив Пловдив во Самоков се одигра првиот контролен натпревар. Бугарскиот тим беше поуспешен и победи со 2:1, резултатот на полувремето беше 1:0.

Akademija Pandev - Lokomotiv Plovdiv - prijatelski vo Bugarija

Стрелци на головите за Локомотив Пловдив беа: Карагарен во 18 минута и Михалевиќ од пенал во 86 минута. Стрелец на единствениот гол за тимот на Академија Пандев беше Кристијан Велиновски во 81 миниута со прекрасен удар од околу 25 метри.
Академија Пандев во првиот дел настапи со следниот состав: Алчевски, Јованов, Маневски, Илиев, Димов, Томовски, Иванов, Дориев, Пандев, Миловановиќ и Рјуки. Во второто дел од натпреварот настапија и: Михаилов, Темелков, Мишов, Крстовски, Костов, Дончев, Ивановски, Терзиев, Размоски, Николов, Велиновски и Канаи.

Comments are closed.

Capture