IN MEMORIAM: Почина познатиот музичар Тони од струмичката група Тони Мац и Кире

Велат вистинските луѓе носат сонце во градите. Сонце што знае да стопли, знае да помилува. Тони беше сонце што не заоѓа, сонце што секогаш стои горе високо и осветлува, помагајќи им на заталканите да ја пронајдат патеката. Да препознаете човек меѓу луѓето е дарба, но да бидеш човек е благослов. Тој благослов го носеше Тони во душата како фенер што ја разбуткува темнината.
ТИ БЛАГОДАРИМЕ ТОНИ ЗАШТО БЕШЕ НАША СВЕТЛИНА, НАШ БЛАГОСЛОВ, А НАЈМНОГУ ОД СЕ’ БЕШЕ ЧОВЕК. – фб статус на ОМУ Боро Џони Струмица каде што Тони Михајлов работеше.

Струмица изгуби еден голем човек. Почивај во мир, Тони.36736341_2178143462416429_3195767010403287040_n

Comments are closed.

Capture