Градоначалникот Јаневски одржа средба со новоизбраните претседатели на месните и урбаните заедници

Градоначалникот Коста Јаневски попладнево одржа средба со новоизбраните претседатели на месните и урбаните заедници на општина Струмица. Откако им го честита изборот им порача дека од нив очекува поголем влог во развојот на Општината.

 5

-Очекувам иницијативи од ваша страна, да ги лоцираме проблемите и еден по еден да ги решаваме и заедно да го подигнеме квалитетот на живот во градот и населените места, вие сте најблиску до граѓаните и најдобро ги знаете нивните проблеми. Ви го честитам изборот, имам доверба во вас и очекувам заедно да покажеме резултатите кои ќе бидат во интерес на сите граѓани, рече градоначалникот Јаневски.8

Новоизбраните претседатели на месните и урбаните заедници истакнаа дека нема да биде лесно да се соочат со предизвикот, но ќе дадат се од себе во решавањето на проблемите на граѓаните и подобрувањето на условите за живот во нивните средини.5

Comments are closed.

Capture