Струмичанката Александра Јанева ја преработи „Херој“ на Лоба

Поп-пејачката Александра Јанева започна нов, летен проект заедно со нејзиниот бенд 2BE. Симболично, на календарскиот почетокот на летото преку социјалните мрежи од фановите побара идеи за преработки.THUMB-Youtube

Новата верзија на „Херој” од Викторија Лоба е првото видео од проектот #summerjam. Аранжманот е на Тино Стојановски кој ги свири гитарите заедно со Љупче Стојановски, а Синиша Зукиќ е на кахон.

„До нас пристигнаа над 300 предлози за преработки, но одлучивме да го почнеме проектот со една од наjемотивните македонски балади во 2018 година”, вели Александра Јанева.

Јанева и 2BE најавуваат дека во наредниот период, на секои две недели ќе бидат објавувани преработки на некои од најголеми домашни и светски хитови.

Минатата недела Александра ја објави соработката со Наташа Малинкова насловена „Еуфорија” која е нејзина втора авторска песна годинава.

Comments are closed.

Capture