Со „Трката на келнери“ започна оф програмата на седмото издание на „Струмица опен фестивал“

Оф програмата на годинашното седмо издание на манифестацијата „Струмица опен фестивал“ започна со „Трката на келнери“ која што се одржа на плоштадот „Гоце Делчев“. Дваесетина келнери од Струмица, Гевгелија и Радовиш, меѓу кои и две девојки се натпреваруваа за награди во паричен износ од 6.000, 8.000 и 12.000 денари. Најдобар и најбрз келнер беше Дени Перов од Струмица кој што го освои првото место, а наградата му ја врачи градоначалникот Коста Јаневски. Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски му ја врачи наградата за освоеното второ место на Горан Митев од Струмица, а третото место го освои Игор Стефановиќ од Гевгелија.36466339_10216660160646542_87751035170324480_n 36605037_1699983956721694_8389649581108887552_n 36622011_1699983463388410_5958220718842839040_n 36634402_1699983470055076_875422714129547264_n 36713573_1699983890055034_2264530899909476352_n 36721653_1699983723388384_3211525095088455680_n

Comments are closed.

Capture