Општина Струмица вклучена во проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“

Струмица е меѓу шестте општини во Република Македонија вклучена во проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ кој е финансиран од Европската комисија преку европскиот инструмент за демократија и човекови права – Поддршка за граѓанското општество преку националната програма за поддршка во партнерство со фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Општина Струмица е вклучена преку основните училишта „Гоце Делчев“ од Вељуса и „Сандо Масев“ и средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица во соработка со здружението „Вера“. Денеска се одржа договорна средба за реализација на проектните активности. Целта на проектот е да развие и да пилотира ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на засегнатите страни на локално и национално ниво заради овозможување на социјална и економска инклузија на лицата со попреченост преку достапни локални услови дизајнирани по нивна мерка. 36575284_1698348900218533_7580777887742033920_o
Меѓу планираните проектни активности се развивање на модел на „Инклузивна општина“, подготвување на Локален акциски план за инклузија на лица со попреченост во развојот, градење капацитети на граѓанскиот сектор и локалните власти за планирање, собирање податоци и мониторинг на состојбата на лицата со попреченост и градење инклузивни средини за учење.

Comments are closed.

Capture