ЃОРГИЕВ: Минаш га границата….И си викаш ма каква Грција….Македонија цела да е …Името не го даваме….

ТЕКСТ НА ДАНИЕЛ ЃОРГИЕВ:download

Се стегаш едвај присоберуваш некој денар за да може да одеш на 5- 6 дена до Грција….
Ритуалот е како на цртан филм…..одаш купуваш се живо и диво и тава шо ти треба и тава шо не ти треба, си мислеш ќе дремаш 3 месеца на одмор….
Колата ја настенкуваш до последното празно место, да има как и нешто ќе ставаш у резервоаро за бензин..
Тргнуваш и мољаш бога да нема гужва на границата а уз пат кажуваш молитви да не ти кажат да отвораш багажнико, оти ако го отареш багажникот ујде коњо у реката….
Стигаш до одреденото место…..тераш геостратешко место ….како санитарна инспекција ги проверуваш собите ….кршеш англиски со авганистански акцент,,,а оно уствари газдата прича мало српски..
И конечно после 2- 3 саата направена обиколка на длго и широко и набиена километража у нозете се сместуваш….
И почнуваш да вадеш стварите од колата и вадеш …и вадеш …и вадеш….абе жено шо си пакувала толку да не зема и на мајка ти регало ……де де ќе се најде, одговара жена ти….
Најтешкио моментат ти е одењето на плажата……Земаш фриком или кока кола чадорот…крпи…јадење….вода….крем за сончане….играчки за децата , многу играчки за децата..гуми и мускуле за пливане…..да имам как и телевизоро ќе го земаш од собота…
На 10 километра ќе те познааат дека си од балкано….Едвај се движеш кату пигвин и тераш место на плажата…..од тебе тече пот, а на жена ти н е и се аресе таа плажа…па одеш по надоле….па по надоле…па се вракаш пак назад….првио ден тераш социјална плажа..тава уставри ти е плажа измеѓу лежалките и кафичите….затава шо не се плаќа…..конечно навагаш место и се спростираш, окопираш територија….. и нели обично одеш со дрштво па зафакш 70 квадрата за друштвото додека да дојде…па почнува ритоало….тато ајде влеземе у водата..чекај не си намачкан…тато беее….доваѓи туку да не се дерам….малеееее аман…го мачкаш и трче да се зашупа у водата….друго дете наред…..и конечно доваѓе ред и ти зимаш залет и осекаш се како на филм…ка трчеш у успорена снимка….полека со една нога допираш на песокта па со другата ….и шлуууус осекаш как не ти се осекаат некои делови од телото по папо…водата кокал…..али пени се не пени пари си давал стегаш заби и се бањаш…..
Се вракаш и легнуваш да се сончаш и лежаш…и таман исушен осекаш песок и вода врз главата…ајде да си играаме….слушаш детски глас и кикот….
И правеш кукички…мукички…замоци….
После неколку минути….татооо ајде да се бајнеме….не можам сега..ама ајде татооо…..и одеш пак се пљускаш у водата…..
Мамо мамооо гледи ка пливам…ќути не се дери …..мамо мамооооооо
Од ка ќе габесеш у водата се враќаш да се испружеш, си легнуваш и полека те совладува дремката…ти иде сонот….ја гледаш как иде Моника Белучи у купачи си викаш немогуче …
Доаѓе и таман да ја гушнеш и да ја изнабацувашш слушаш глас Немањааа изаџи од воду Немањаааа…комшијата до тебе од Горни Милановац си ги испробува гласните жици…
Пу јазк и у соно не можеш да уживаш а кобајаги на одмор си….
Стануваш зееш кату теле ту на лево ту на десно….зеееш у морето…. И у глобала дено така че ти помине у зеење…
И конечно доваѓе моментот да си збираш парталетео и да одеш накај собата….
Се дераш по децата да изчеват од водата….ама како шо е општо познатооо тава трае уште пола саат..
Се враќеш накај собата како да си бил на копање а не на плажа….
Па туширане…па јадене…..па шетане….ма тава ли е одмор бе…..
И конечно доваѓе моменто да си легнеш и да спиееш ….после некое врееме слушаш зууууу…зууууу осекаш печене… пу да ибам и комарецо и грција и мрција …
Ново утро нова нафака…
Ма какво ново утро се е исто како шаблон…..пак спремане за на плажа…пак товарено магаре..,пак теране слободно место на социјалната плажа…..кукички мукички….пљускане у водата…сунчане додека не изгореш, нели оти ак си доош не исунчан исто како да не си бил на одмор….
Таман се исплскуваш у морето јати облаци идаат…почнува да грме…почнува да врне…со брзината на светлината збираш парталето и бегаш накај собата….и си врне и си врне баш мо гајле оти пари си платил за сонце а не за дожд….У собата телевизор со две програми…едната германска едната словенска…ништо не разбираш….мобилните нормално ти се зафатени од децата ,,,пепа пиг…мама воли бебу…некој си јутубери….а ти си зееш у тавано….у зидо….пушеш еден ..два три цигара..си викаш ќе престане…..ама ја и осамна и нов ден дојде и оште се врне…си врне…..
Помина ден и половина и депресијата те маа на најако, оп се подава еден сончев зрак..па друг…на третио веќе беееме спросрени на плажата….нормално само ние и комшиите од Горни Милановац…Арангеловац…Београд…..другите од Русија …Англија …Чешка…си се шетат под мишка фанани…..ама лесно е за нив они мош ќе си останат цел месец тука,,,,ама ние имаме уште 4 дена па мора да се искористе секој зрак од сонцето наше скапо платено..
Водата фино кокал ладна осекаш ка се тресеш али тава е тава нема време море се да се искористе до последен тренутак….
Денеска решииме да сме на висока нога земааме лежалки….распостелувам сичко запаљувам цигар и шмркнувам од кавето шо го макнам од дома…иде келнеро…Хелоу сори мистер тис ис форбидан …говоре и ми покажува накај кафето ….арно бе викам сега ќе порачаме…деца шо сакате…леден чај…донеси му викам два ледени чаја…..носе и шлуп 9 евра…..мама ти да е…..
Ама нема вези цел ден му лежааме ,,,он на мене 9 евра……Од утре пак на социјалната плажа
И така трети…четврти…пети….шести ден
Започнува такоџе тешкио дел збиране на парталето…и п јадењето шо остана ….нели ние си патиме од мабето Нека е ќе се најде….Се пакуваш се товараш….и мораш да напушташ собата…ама не тргнуваш одма ,одеш да искористеш оште малку од дено и таа е најтешкио дел така фино как за последен ден ќе ти се погоде најубава водата сонцето најмногу ќе пече али ти мораш да си одеш…..
Си тргнуваш да си одеш стигаш на границата и најнормално на грчката не те замраат али тука се нашите..има ли шо да пријаете викам немаме ( у главата си викам да имам шо да пријавам….немам плата стигнано…нервоза ме јаде….се мислам ка ќе помине месецо )
Минаш га границата….И си викаш ма каква Грција….Македонија цела да е …Името не го даваме….
Д.Ѓ

Comments are closed.

POP